Македонија
29. October 2017 - 11:28

Во општина Врапчиште до 10 часот гласале 5,2 отсто од запишаните избирачи

Во општина Врапчиште до 10 часот на гласање излегле 5,2 отсто од запишаните избирачи, односно 1.326 гласачи, информира Општинската изборна комисија.

Избирачкиот процес се одвива нормално и досега не се пријавени нарушувања.

Вториот круг од изборот за градоначалник на оваа полошка општина, утрово почна на време на сите 39 избирачки места, каде правото на глас можат да го искористат 25.371 лица.