Македонија
15. July 2020 - 15:49

Во општина Новаци до 15 часот гласале 51,5 отсто од гласачите, во Могила 33,8 проценти

Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки.

Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 15 часот гласале 33,8 отсто, додека пак претседателот на ОИК Новаци Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки места од 2.928 граѓани со право на глас, тоа право го искористиле 51,5 отсто од жителите.