Македонија
6. July 2016 - 13:57

Во општина Кисела Вода легализирани уште 50 дивоградби

Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска додели уште 50 нови решенија за легализација на дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети е 4.833 или 35 отсто од пристигнатите 13.849 барања за легализација.

- Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент е 4.555. Изготвени се уште 284 урбанистички согласности, од кои, за 218 се чека уплата на надоместок за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи, информира општина Кисела Вода. 

Беличанец-Алексиќ ги повика сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.

Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање до 31 декември 2016 година.