Македонија
20. April 2019 - 13:20

Во општина Гостивар има 79. 411 гласачи, денес гласат 17 граѓани

Избирачкото право денеска во општина Гостивар ќе го искористат 17 граѓани кои заради здравствени пречки или изнемоштеност се пријавиле во општинската изборна комисија и им се прифатени барањата.

Претседателот на ОИК Гостивар, Мустафа Муслиу потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.

– Четири лица кои се во притвор не се пријавија за гласање, а едно лице не ги исполни условите за да гласа денес. Сите услови за непречено гласање се обезбедени, рече Муслиу.

На претстојните избори во избирачкиот список запишани се 79.411 граѓани со право на глас.