Македонија
14. October 2017 - 9:30

Во општина Гостивар денеска гласаат 87 лица

Правото на глас во општина Гостивар денеска ќе го остварат осумдесет и шест болни изнемоштени лица и едно лице кому му определна мерка домашен притвор, информираат од ОИК Гостивар.

На овие лица им се прифатени барањата и ним избирачките одбори ќе им овозможат да гласаат за локалните избори.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.569 лица кои во недела ќе гласаат на 121 избирачко место.