Македонија
30. October 2021 - 13:53

Во општина Гостивар денеска гласаат 123 болни и немоќни лица

Вториот на гласање за градоначалник на локалните избори во општина Гостивар започна со изјаснување на 123 граѓани кои претходно се пријавија како болни и немоќни. Барањата на седум лица, комисијата ги одбила. Правото на глас ќе го искористат и три лица кои се наоѓаат во домашен притвор.

Од ОИК Гостивар информираат дека подготовките за спроведување на вториот круг од локалните избори 2021 се завршени и се работи на распределување на избирачките материјали до избирачките одбори.

Во избирачкиот список има во Општина Гостивар имаат 81.083 граѓани кои ќе гласаат на 121 избирачко место.