Македонија
15. October 2017 - 11:39

Во општина Демир Хисар до 10 часот излезеноста 12,7, во Новаци 12, а во Могила 4,7 проценти

Општинската изборна комисија во Демир Хисар информира дека во оваа општина до 10 часот своето право на глас го оствариле 12,7 од гласачите.

- Изборите се одвиваат непречено и и во демократска атмосфера истакна Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.

Во општина Новаци до 10 часот гласале 12 проценти, а во општина Могила регистрирани се 4,7 отсто од гласачите кои до 10 часот го оствариле своето право на глас за избор на градоначалник и членови на општинскиот Совет, потврдија од општинските изборни комисии на пелагониските општини.