Во Општина Дебар помалку првачиња во новата учебна година
Во Општина Дебар за новата учебна 2019/2020 година, запишани се тресеттина првачиња помалку, споредено со минатата учебна година.
Според Решат Ќормемети, одговорен во Секторот за образование во општината, во трите основни училишта, за првпат на ученичка клупа ќе седнат 176 деца.
-Во ООУ „Пенестија“, кое е најголемо во општината, запишани се 91 прваче. Од вкупниот број 65 се за настава на албански наставен јазик, додека 26 на македонски, од кои пак 17 се во учлиштето во Дебар, додека девет во подрачното училиште во село Џепиште, изјави Ќормемети.
Во градот функционира и ООУ„Саит Најдени“ каде наставата се изведува само на албански наставен јазик. Во ова училиште, додава Ќормемети запишани се 30 првачиња.
Помал број првачиња има и во ООУ„Ристе Ристески“ во село Долно Косоврасти, каде наставата се изведува на македонски наставен јазик.
-Во ова училиште до денеска запишани се 55 првачиња или 10 помалку споредено со минатата учебна година. Од вкупниот број, 35 се во подрачното училиште во село Могорче, осум во подрачното училиште во село Горно Косоврасти и во училиштето во Долно Косоврасти 12 првачиња, вели Ќормемети.
Посочува дека во сите училишта строго се почитува препораката родителите на првачињата да приложат и картон за примено вакцини за детето.
Во оваа општина пред триесеттина години имаше повеќе од 600 првачиња, но нивниот број почна да се намалува поради масовната миграција, пред се во САД, Италија, Германија и Луксембург, како и во Охрид, Битола и Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација