Македонија
19. July 2019 - 13:03

Во Општина Богданци се чистат речните корита

На територијата на Општина Богданци почна акцијата за чистење на речните корита кои во овој период од годината се обраснати со трева и нискостеблести растенија кои го попречуваат нормалниот проток на вода во случај на обилни врнежи.

-Акцијата денеска започна со машинско чистење на речното корито на реката „Луда Мара“ која со багер се ослободува од нанесена земја, трска и друга вегетација, соопштија од општината.

Од надлежната општинска служба посочија дека покрај „Луда Мара“ ќе се чити дел од коритото на Гегова река, Медурска река и најзагадениот дел од Љокова река.

Машинското чистење на речните корита го изведува фирмата „Алфа Проект“ од Гевгелија, а Општина Богданци за овие активности од буџетот ќе издвои 650.000 денари.