Балкан
22. December 2015 - 9:29

Во операција во југоисточна Турција од 15 декември убиени 115 курдски бунтовници

Во воена операција во југоисточна Турција, која почна на 15 декември се убиени 115 курдски бунтовници, јави Анадолија.

Најмалку 98 бунтовници се убиени во градовите Џизре и Силопи, каде во сила е 24 часовен полициски час. Другите се убиени во окрузите Мардин и Дијарбекир. 

Турската Влада соопшти дека бунтовниците, поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) поставиле експлозивни направи, ископале ровови и поставиле барикади во тие региони. 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека воените операции ќе продолжат и вети дека „терористичката организација и нејзините приврзаници ќе бидат заробени во рововите, кои ги ископале“.