Македонија
25. December 2017 - 15:08

Во октомври 75,4 отсто од потрошената струја од домашни извори

Македонија во октомври годинава вкупно потрошила 564.378 мегават часови електрична енергија, 23.802 милиони нормални метри кубни природен гас, 407.265 тони јаглен и 86.884 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 75,4 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, додека 96,9 отсто од вкупната количина јаглен се употребени за производство на струја.