Македонија
8. December 2019 - 16:28

Во Охрид се враќа дискусијата за потреба од изградба на марина за големиот број пловила

Последниот инцидент со потонувањето на бродот Лихнида и излевањето на нафта во водите на Охридското езеро повторно го вклучи алармот  за потребата од  изградба на соодветна марина.

Од Капетанија на пристаништата  велат дека со оглед на големиот број пловни објекти, а малку простор и услови за нивно паркирање, сервис и безбедно точење гориво, неопходно  е подобрување на инфраструктурата и најавија дека со новите законски измени кои се во процедура ќе се лимитира увозот на стари пловни објекти и ќе се подигнат еколошките стандарди во внатрешната пловидба.

Градоначалникот Георгиески потенцира дека е предвидено по урбанистички план изградба на марина во каналот Билјанини извори за да се стави ред во хаосот со паркирањето на пловилата во Охридското езеро.

Од невладината Охрид СОС пак се децидни дека марина во непосредна близина на Студенчишкото блатото не смее да има тие велат дека тоа ќе значи нова еколошка катастрофа за Охридското езеро.