Спорт плус
26. October 2018 - 19:11

Во Охрид се одржува конгрес на спортски новинари од ЈИ Европа

Во Охрид денеска започна конгресот на спортските новинари за Југоисточна Европа во организација на Спортските новинари од Македонија и Македонскиот олимписки комитет. На конгресот учествуваат 90 учесници од 40 земји. Учесниците ги поздрави премиерот Зоран Заев. 
На конгресот ќе има предавања од областа на спортскиот менаџмент, медицината во спортот, борбата против насилството во спортот итн. 
Се игра и фудбалски турнир а пласман во полуфиналето по првиот ден обезбедија Македонија – Црна Гора и  Молдавија- Бугарија.