Македонија
19. January 2021 - 16:55

Во Охрид само мал број верници влегоа во езеротo

Охриѓани останаа доследни на вековната традиција за Богојавление Водици. 

Светиот крст годинава за првпат наместо од езерските води дирекно од црковниот казан во светиот храм Свети Никола Геракомија замина во рацете на Никола Чорбески.

Иако немаше централна прослава во градот, сепак младите со водата од Црквата Геракомија кај Сараиште ги осветија водите на Охридското езеро. Педесетина охриѓани пеејќи ја песната Во Јордание  се искапија во студените езерски води за здравје и среќа. 

Годинава поради пандемијата празникот Водици беше одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода на кои присуствуваа помал број на верници .Овој ден за охриѓани е празник над празниците.

Годинава за прв пат после три децении  на Градското пристаниште во Охрид немаше илјадници верници и стотици капачи. Низ градот, на Сараиште и во црквите  имаше голем број полициски службеници, кои ги опоменуваа присутните да носат заштитни маски и да држат дистанца.