Бизнис
29. October 2018 - 8:34

Во Охрид промоција на концептот за овластен економски оператор

Царинската управа на Република Македонија денеска во Охрид организира промоција на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори.

Промоцијата е организирана во соработка со Проектот за УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG).

Од Царината сметаат дека концептот на ОЕО е исклучително интересен и може значително да придонесе кон поедноставувањето и забрзувањето на царинските постапки и олеснувањето на трговијата.