Македонија
4. December 2015 - 11:00

Во Охрид почнуваат чествувањата по повод патрониот празник на градот „Свети Климент Охридски“

Со низа настани и манифестации од денеска почнуваат празнувањата во Охрид по повод празникот „Свети Климент“, заштитникот на градот.

Програмата почнува почнува со промоција на монографијата за црквата „Св. Никола Чудотворец“, како и со изложба Мапа на фрески на цркви од Охрид на Ленче Мојсовска – советник, историчар и конзерватор во музејот „Куќа на Уранија“.

За утрешниот ден предвидено е од 10:45 часот да се трча Осмодекемврискиот атлетски крос во чест на Свети Климент, долж Кејот „Македонија“ во Охрид, на потегот од Каналот Студенчишта до Градското пристаниште.

За в недела од 13 часот почнува приредбата „Младите во чест на Свети Климент“ на Градскиот плоштад што го носи името на патронот на градот.

На 7 декември од 16 часот ќе се одржи настанот „Сите кон Свети Климента“ со групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Потоа ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од 18:30 часот, а свечената приредба по повод патрониот празник на ОСУ „Св. Климент Охридски” ќе се одржи во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

На самиот ден на Свети Климент - 8 декември во 09:30 часот ќе има поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски на Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот ќе се одржи традиционалната изложба на Фото-клубот „Охрид“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, како и изложбата на дела на роднокрајни ликовни уметници.

Манифестациите по повод Патрониот празник на Охрид ќе бидат заокружени со Свечената академија што ќе се одржи во Центарот за култура од 19 часот