Македонија
10. September 2015 - 17:13

Во Охрид отворена јавна научна установа „Институт за филм – Филмска академија“

Од оваа година Охрид станува град на филмската академија.Институтот за филм кој како јавна научна установа формирана од Владата на Македонија  ќе биде  придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, и  ќе  нуди постдипломски програми на катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција.

Тригодишните студиски програми ја продолжуваат долгата традиција на петата најстара филмска школа во светот Прашката, која позади себе брои влијателни режисери и сценаристи, добитници на Оскар и лауреати на меѓународни филмски фестивали.

Охрид ќе заземе значајно место во светската филмска мапа бидејќи ќе се образуваат кадри од сите земји од регионот кои ќе учат директно од едни од најдобрите професори од областа.

Надлежните се надеваат овој институт за филм да прерасне во регионално препознатлива високо образовна институција а воедно ќе биде уште еден столб во засилувањето на позицијата на македонското образование на меѓународно ниво.