Македонија
23. September 2022 - 12:24

Во Охрид намален интересот за МРП вакцината

Во Охрид мал е бројот на имунизирани деца особено со првата доза од мрп  вакцината (за морбили, рубеола и паротитис), која им се дава на најмалите со полни 12 месеци.Епидемиолозите апелираат да не се одложува вакцината бидејќи со одбивањето на родителите вакцината да  се прими во пропишаниот рок тие преземаат ризик нивното дете да се разболи од болест која комплетно може да биде превенирана.

Родителите се исплашени поради информациите од поддржувачите на антивакциналната кампања, кои веруваат дека вакцините, особено мрп, предизвикуваат тешки болести, а меѓу другото и аутизам.

МРП вакцината во земјава е дел од календарот за редовна имунизација на децата.

Годишно, на светско ниво од морбили се заразуваат околу 20 милиони луѓе и тоа во земјите во развој, Африка и Азија. Со вакцината годишно се спасуваат 3 милиони луѓе и се спречува инвалидитет на околу 800 илјади деца.