Во Охрид мајка позитивна на КОВИД-19 бара да си го погреба синот кој починал од вирусот
„Синко, имаш ли ти дечиња? Ако имаш,тогаш знаеш како крвари душата на една мајка која го изгубила најсветото нешто - својот син. Те молам,помогни ми, однеси ме да го испратам до неговото вечно почивалиште, дозволи ми синко да го поздравам за последен пат”- ова се зборовите на мајка од Охрид која заедно со синот се лекувала од коронавирус кои му ги упатила на директорот на Општа болница Охрид, Горан Балев, пишува Алфа.
Додека таа успешно се опоравувала, нејзиниот син починал.
„Свесен сум за строгите протоколи и одговорноста која ја носам, но и помогнав на мајката да стане од кревет, ја облеков во скафандер и ја однесов за да се збогува со синот за потоа повторно да ја вратам во болница“, вели доктор Балев.
Тој кажа дека се поголем бројот на млади пациенти кои со тешка клиничка слика се хоспитализираат во болницата.
Ново на Сител
-
Комисиска расправа за состојбата на тутунот од реколтата 2020-2021
-
Британската мутација на коронавирусот не ја избегна и државава, министерот Филипче смирува нема простор за паника
-
Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите
-
Царовска: Низ дијалог со компаниите ќе ги утврдиме профилите кои ќе ги отвориме во стручните училишта од идната учебна година
-
Е-работилница за годишните финансиски сметки на македонската економија
-
Протест на студентите во Грција
-
Во последните 24 часа во светот од Ковид-19 умреле 18.000 лица
-
Адвокатите на Навални денеска го обжалуваат 30-дневниот притвор