Македонија
2. July 2020 - 20:53

Во Охрид ќе се отстрануваат сите нелегални објекти во сите заштитени зони

Битката со дивоградбите во Охрид ќе трае со години.По рушењето на плажите долж езерото ќе се отстрануваат и останатите нелегални градби во заштитените зони.Градоначалникот Георгиески потенцира дека нема да дозволи урбанизација која го нарушува природното наследство и го загрозува статусот на охридскиот регион .

Евроамбасадорот Жбогар ја поздрави  акцијата на градоначалникот Георгиески  за отстранување на дивоградбите и принципот на владеењето на правото . Тие денеска заедно беа во посета на Горица 3 која по уривањето доби табла со натпис градска плажа.

Градоначалникот Гергиески најави дека нема селективност во отстранувањето на дивоградбите додавајќи дека сите оние објекти кои добиле решенија ќе бидат урнати.