Македонија
19. May 2017 - 9:16

Во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на културната разноликост

Студенти и професори од повеќе од 15 земји од светот преку презентација на своите национални носии, танци и национални кујни денеска во Охрид по петти пат ќе го одбележат  21 мај, Светскиот ден на културната разновидност.  

Според организаторите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, одбележувањето почнува вечер со проекција на филм во соработка со Филмската академија, а официјално ќе биде отворен утре во 12 часот на охридскиот плоштад. Програмата ќе заврши со концерт. 

Интеркултурноста е една од најзначајните карактеристики на Универзитетот каде студираат професори и студенти од повеќе од 50 земји во светот.