Македонија
5. March 2018 - 18:00

Во Охрид ќе престане со работа единствениот стационар за кучиња

Ќе се затвора импровизираниот стационар во Мауцкер до крајот на летото. Единствената волонтерка од здружението за заштита на животните Анималија која се грижи за него во кој моментално има 50 кучиња најави дека повеќе неможе самата да се справува со проблемот со бездомните кучиња . Таа вели дека до крајот на август ќе се фокусира на изнаоѓање дом за кучињата од стационарот, а останатите ќе мора да бидат пуштени на улица.

На својот  Фејсбук профил Вилдана Садикоска напиша дека до сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени,и  згрижени но дека стационарот кој е имровизиран без струја и дупки на оградата и  ја отежнува работата за која нема подршка ниту пак интерес од страна на општината за решавање на проблемот.

Добрите познавачи велат дека проблемот со бездомните кучиња е голем и трае долго а многу малку се работи на изнаоѓање на решение.

Предлозите за модерни стационари се нереални во меѓувреме општините треба да отворат мини стационари со шинтерска служба.

Инаку изминатиов период зачестени се кучешките напади а сведоци сме и на масовни труења на кучињата од страна на граѓаните. Градоначалникот Стојаноски во неколку наврати потенцираше дека проблемот со бездомните кучиња ќе го реши но дека за тоа треба време.