Македонија
4. May 2017 - 20:24

Во Охрид и денеска протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓани на Охрид попладнево излегоа на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија.

Гоце Китески во нивно име ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат и да го продолжат делото на Гоце Делчев и неговите идеали за самостојна и слободна Македонија.

Протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците во централното градско подрачје.