Македонија
17. January 2020 - 16:40

Во Охрид формиран меѓудржавниот Комитет на Македонија и Албанија за управување со Охридскиот регион

Формиран меѓудржавен комитет за Унеско помеѓу Македонија и Албанија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Во иднина од двете страни ќе се носат одлуки и акции кои се однесуваат на рибниот фонд ,Охридското езеро и природната заштита .Претседателот на националната комисија за Унеско Адеми вели дека поголемиот дел од препораките од Унеско дадени на 43 тата седница на Комитетот за светско наследство се исполнети .

Како регион треба заеднички да се спроведуваат препораките на Унеско меѓу кои и рушењето на дивоградбите.

Инаку на  27 јануари доаѓа реакативната мисија на Унеско во Охрид за да утврди дали и колку се спроведуваат нивните препораки за градот да не се најде на листата на загрозени подрачја.