Џет-Сет
25. March 2016 - 21:01

Во новиот спот на Цеца ќе се појави една интересна замен

Во новиот спот на Цеца Ражнатовиќ ќе се појави една интересна замена за популарната пејачка.
 
Станува збор за ќерката на фолк дивата, седумнаесетгодишната Анастасија која ќе се испроба во улогата на својата мајка.
 
– Ние двете размислуваме да снимиме спот во кој јас ќе ја играм младата Цеца. Засега се уште само разменуваме идеи, разговараме за тоа. Зошто да не, нема да е лошо да се појавам во спотот. Мајка ми вели дека ги имам нејзините очи, особено кога ќе се нашминкам. Освен очите имаме и слична коса, меѓутоа усните и забите ми се на тато – вели Анастасија.