Македонија
14. May 2022 - 16:26

Во Новаци ќе се гради регионална депонија

Во Новаци ќе се гради нова регионална депонија. 

Југозападниот регион ќе формира ново, Јавно меѓуопштинско претпријатие за транспорт на сметот најави градоначалникот Пецаков. Со изградбата на депонијата во иднина ќе се затворат охридската и струшката, како и сите останати диви локации, кои предизвикуваат загадување на животната средина, што е една од клучните препораки на УНЕСКО.

Планот за управување со охридското крајбрежје е следното нешто на што се работи, а е од суштинско значење и деталните урбанистички планови најави Пецаков.

Што се однесува пак до плажите и ова лето нема да има уредени капалишта бидејќи Агенцијата за просторно планирање сеуште го нема изработено планот. Уредени плажи по сите еколошки стандарди според УНЕСКО ќе има догодина велат од локалната кои најавија дека работат на препораките Охрид да не се најде на листата загрозени подрачја.