Бизнис
10. January 2018 - 12:49

Во ноември зголемени продажните цени на индустриските призводи

Во ноември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во ноември во однос на октомври лани продажните цени на  производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 5,4 проценти, во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,1 процент, a во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 2,6 проценти.

Во ноември лани во споредба со ноември 2016. продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 23,4 проценти, во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,6 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 проценти.

На странските пазари, пак, во ноември минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за еден процент на месечно ниво, а за 6,5 проценти на годишно ниво