Loading Video...
Кошарка
3. November 2019 - 15:08

Во неверојатна завршница Филаделфија го совлада Портланд

 
 
Најнеизвесниот меч во НБА лигата год одиграа Филаделфија и Портланд во кој во завршните 2,2.секунди беа постигнати две тројки, а победа остварија гостите со 129-128. 
 
Најнапред Симонс погоди тројка за Портланд за водство од 128:126, но по тајм-аутот на спротивната страна речиси на идентичен начин возврати Турчинот; Коркмаз 
 
Последниот обид на Демјан Лилард од речиси половина терен заврши неуспешно, па гостите можеа да се радуваат на тешко остварената победа.
 
Во репризата пак на ланското финале на Истокот, Милвоки пред своите симпатизер го победи актуелниот шампионот Торонто со 115:105. Најдобар поединец кај победничката екипа беше Антетокумпо, со дабл-дабл учинок со 36 поени и 15 скока, а 36 поени за Торонто постигна Кајл Лаури