Македонија
28. September 2020 - 11:34

Во неготинско село Пепелиште рано изутринава нарушен ред и мир од четири лица

Рано изутринава, околу еден часот по полноќ, во Полициската станица Неготино било пријавено дека во село Пепелиште, неготинско, бил нарушен јавниот ред и мир. За ова информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Имало физичка пресметка помеѓу П.В.(35) и Ѓ.М.(30), од една страна и Д.С.(30) и А.С.(31) од село Тимјаник, од друга страна, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.