-->
-->
Во Неготино отворена „Изложба на колажи" од ликовниот уметник Снежана Манасиќ
-->
Во организација на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, синоќа беше отворена „Изложба на колажи" од ликовниот уметник Снежана Манасиќ од Панчево, Република Србија.
- Таа втор пат гостува во Центарот за култура, минатата година беше учесник во ликовниот хепенинг „Балкански културни средби“, на кои учествуваа над 15 ликовни уметници од земјава и странство. Родена е во Панчево, Република Србија, има завршено Академија за конзервација и реставрација во Белград и магистратура за култура и медиуми на универзитетот во Нови Сад, рече Мирјана Јованова, директор на Центарот.
Манасиќ работи во младинскиот дом во Панчево како уредник на програма и координира и води градски манифестации. Автор е и раководител на детска куклена колонија. Има организирано над 40 групни изложби во Србија и надвор од неа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи