Македонија
1. September 2016 - 11:08

Во Неготино отворена „Изложба на колажи" од ликовниот уметник Снежана Манасиќ

Во организација на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ од  Неготино, синоќа беше отворена „Изложба на колажи" од ликовниот уметник Снежана Манасиќ од Панчево, Република Србија.
 
- Таа втор пат гостува во Центарот за култура, минатата година беше учесник во ликовниот хепенинг „Балкански културни средби“, на кои учествуваа над 15 ликовни уметници од земјава и странство. Родена е во Панчево, Република Србија, има завршено Академија за конзервација и реставрација во Белград и магистратура за култура и медиуми на универзитетот во Нови Сад, рече Мирјана Јованова, директор на Центарот. 
 
Манасиќ работи во младинскиот дом во Панчево како уредник на програма и координира и води градски манифестации. Автор е и раководител на детска куклена колонија. Има организирано над 40 групни изложби во Србија и надвор од неа.