Македонија
4. October 2016 - 12:28

Во Неготино објавен оглас за наградата „8 Ноември”

Општина Неготино денеска објави оглас за пријавување на кандидатури за највисоките општински признанија, во чест на денот на ослободувањето на градот, 8 ноември.

Како што информираа од неготинската локална самоуправа, признанијата се доделуваат секоја година, за постигнувања во одредени области од општественото живеење.

- Сите заинтересирани граѓани и институции од територијата на општина Неготино,  можат да предлагаат кандидати за добитници на три признанија. Признание и награда “8-ми Ноември” и признанe “Почесен граѓанин на општина Неготино”. Можат да се предлагаат институции и физички лица,  кои дале особен придонес во афирмацијата на општина Неготино  и постигнале определени резултати во својата област,  по која се препознатливи и тие и општината во која живеат, соопштија од општината.

Предлагачите пак, треба да достават и соодветно образложение, зошто  одредени  кандидати или институции  се предлагаат за добитници на наградата или признанијата по повод празникот. Предлозите ќе бидат разгледани од страна на комисијата за награди и признанија при Советот на општина Неготино,  а конечната одлука ја носат советнциите на редовна седница. Наградите ќе бидат доделени на свечена седница на  8. ноември.