Македонија
4. December 2015 - 9:45

Во недела привремен сообраќаен режим на „Трета македонска бригада“

На улицата „Трета македонска бригада“ во недела од 8 до 17 часот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим, а на коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Како што соопшти Град Скопје, привремениот режим е поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до „улицата Никола Карев“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.