Свет
14. March 2016 - 8:38

Во нападот во Брегот на Слоновата Коска убиени 14 цивили, двајца војници и шестмина напаѓачи

Во вчерашнииот напад во туристичкиот град Гранд Басам, во Брегот на Слоновата Коска, убиени се четиринаесет цивили, двајца војници и шестмина напаѓачи, изјави претседателот на земјата Аласан Ватара, цитиран од светските медиуми.

- Шестмина напаѓачи попладнето пристигнале на плажата во Басам . . . За жал, имаме 14 убиени цивили и двајца војници од специјалните сили, рече Ватара при посетата на местото на нападот.

„Шестмината напаѓачи, исто така, се убиени“, изјави тој.

Владата соопшти дека силите за безбедност ги неутрализирала шестмината вооружени мажи, кои нападнале три хотела во Гранд Басам.

Припадник на силите за безбедност изјави дека меѓу жртвите има четворица европејци.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во нападот е убиен еден Французин.

Организацијата СИТЕ, што ја набљудува активноста на џихадистички групи на Интернет, изјави дека Ал Каеда во исламски Магреб ја презела одговорноста за нападот.

Групата на Интернет сооштила дека тројца нејзини „херои“ успеале да упаднат во летувалиштето.