Свет
17. December 2017 - 21:46

Во напад на талибанци убиени се 11 авганистански полицајци

Талибански бунтовници рано утрово извршиле напад врз контролни пунктови во јужната авганистанска провинција Хелманд. Во нападот се убиени 11 полицајци.

Авганистанските безбедносни сили успеале да одговорат на нападот. 

Убиени се и неколкумина талибанци, но нивниот број не е прецизиран.