Живот
20. August 2018 - 13:47

Во најскапиот хотел на светот ноќевање чини повеќе од 83.000 долари

Дали некогаш сте се запрашале колку чини ноќевање во најскапиот луксузен хотелски апартман во светот.

Секоја година магазинот "Elite Traveler" составува листа од 100 најдобри хотелски апартмани која ги вклучува и 10-те најскапи. На првото место и оваа година е кралскиот пентхаус апартман во "President Wilson Hotel" во Женева.

 

 

Во него според Деили Меил, ноќевање чини околу 83.000 долари. За таа цена на располагање ќе добиете дури 12 спални соби, луксузна бања со џакузи, теретана, прозорци отпорни на куршуми, клавир, билијард, и колекција на ретки книги. Покрај тоа на располагање ќе имате приватен кувар, батлер и возад.

Апартманот се наоѓа на целиот 8-ми спрат од хотелот, а низ прозорците се гледа женевското езеро и Мон Блан