Свет
14. February 2018 - 22:56

Во најголемиот студ - полицајци 24 часа ги чуваа плакатите на Путин

Полициски слубеници во Каморово и Новокузњечко имаа наредба 24 часа да ги чуваат изборните плакати на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Плакатите се поставени пред претседателските избори, кои ќе бидат одржани на 18 март и на кои Путин нема сериозен противканидат.

Меѓутоа, во некои градови плакатите се мета на вандалите.

Полициската заштита започнала откако на еден од плакатите било испишано „лажго“. Во Санкт Петербур е снимено и како еден маж тој збор го испишува по плакатите.