Во националниот парк „Маврово“ активни три пожари
Три шумски пожари се активни во националниот парк „Маврово“.
Според информации од дежурните служби во паркот, на корабскиот масив пожари има во близина на караулата „Победа“ и месноста Стрезимир. Најголем и со фронт на ширење од над седум километри е пожарот во реонот на Аџина Река на Шар Планина. Во овој пожар досега се изгорени околу 300 хектари високо планински пасишта и стебла на смрека, ела и молика.
Во гаснење на пожарите ангажирани се речиси сите вработени во паркот, а ветрот го отежнува локализирањето. Дежурната служба во НП Маврово попладнево упатила екипи кон реонот на Аџина Река, каде треба да се изврши проценка на изгорените површини и преземање натамошни мерки.
Вчера, на територијата на паркот беа регистрирани два шумски пожари, во близина на селото Скудриње и Рибница. Овие пожари беа ставени под контрола и локализирани.
Ново на Сител
-
Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп
-
Човек стави дете во контејнер за донации кај „Сити мол“ | ВИДЕО
-
БиХ: Жена со Ковид-19 загина во пожар во ковид-центар
-
Принц Едвард: Смртта на принцот Филип остави голема празнина во животот на британската кралица
-
Првиот контингент американски војници за вежбата „Дифендер 21“ пристигна во Тирана
-
Полицискиот час во Албанија од утре се намалува за два часа
-
Села: Некој не зел плата два месеци, а граѓаните без државјанство не зеле 30 години
-
„Гардијан“: Најголемото жариште на бразилски сој П1 е во Канада