Свет
3. May 2019 - 9:10

Во Мозамбик после циклонот прогласена епидемија на колера

Во северниот дел на Мозамбик денеска е прогласена епидемија на колера, една недела откако областа ја погоди силен циклон проследен со поплави и обилни дождови.

Најмалку 41 лице загинаа кога циклонот „Кенет“ минатиот четврток ја погоди провинцијата Кабо Делгадо, и поплави повеќе села.

За време на циклонот беа регистрирани ветрови кои дувале со брзини и до 280 километри на час.