Во Мостар по 12 години ќе се одржат избори
Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на Мостар.
Измените се усвоени по итна постапка, предлогот доби 14 гласови „за“ и еден „против“. Со измените се овозможува одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години.
Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ потпишаа два политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон.
Критики за Законот имаа претставниците на мостарските Срби, кои беа исклучени од договорот, но прашањето е решено по нивниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Договорот е постигнат по предуда од Судот за човекови права во Стразбур.
Ново на Сител
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите