Свет
27. јуни 2021 - 17:52

Во Москва нов црн рекорд – за еден ден од Ковид-19 починаа 144 лица

Градските власти во Москва соопштија дека 144 лица починале од коронавирус во главниот град на Русија во последните 24 часа, што е најголем број смртни случаи од тој вирус од почетокот на епидемијата.

Голем број на смртни случаи се регистрирани и во Санкт Петербург, каде во последните 24 часа починаа 107 лица.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собијанин изјави дека речиси 2.000 луѓе се хоспитализираат секој ден.

Околу 5,4 милиони луѓе се заразени во Русија од почетокот на епидемијата, од кои 133.280 починаа.

Во таа земја, последниве недели се зголеми бројот на лица заразени со делта варијантата на коронавирусот.