Свет
11. March 2017 - 22:01

Во Москва евакуирани 1.500 лица поради анонимна дојава за поставена бомба

Речиси 1.500 лица се евакуирани од филмскиот центар во Москва по анонимна закана за поставена бомба, соопшти неименуван извор од Итната служба, пренесува Танјуг.

- После анонимниот повик, од објектите на филмскиот центар евакуирани се над 1.400 лица. Во тек е проверка на просториите, ја пренесува Спутник изјавата на изворот.

Полицијата го примила повикот во 19.55 часот по московско време.

Дежурниот офицер изјави дека полицијата се обидува да го идентификува човекот кој ја упатил заканата.