Македонија
13. September 2018 - 8:30

Во МНР продолжува конференцијата за ефектите од евроатланската интеграција и хибридните закани

Во Министерството за надворешни работи денеска продолжува Меѓународната конференција на тема „Стабилизирачки ефекти од процесот на Евро-атлантска интеграција: Работиме заедно против хибридните закани“.

На вториот ден од конференцијата ќе се дискутира за мерките за ублажување и спречување хибридните закани и како развојот на хибридни техники го замаглува цивилниот и воениот спектар за манипулација со информациите и начините за ублажување и спречување на тековните и идните хибридни закани.

Организатори на Конференцијата се Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Конзорциумот на партнерството за мир, oдделот на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, во соработка со Евроатлантскиот совет, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Факултетот за безбедност.

Целта на Конференцијата e да се согледаат предизвиците и начините за справување со хибридните закани, појавните облици и нивното влијание врз интегративните процеси на земјите од Западен Балкан.