Живот
11. May 2016 - 17:38

Во младоста го злоставувале, а сега девојките лудуваат по него!

Норвешкиот војник Лес Матберг се стекнал со голема популарноста откако е откриен неговиот Инстаграм профил. Обожавателките го опседнуваат, му нудат брак, деца и се што сака.
 
"Се тоа е лудо. Јас сум само од град во средина на ништо во Норвешка", рекол за Деили Меил.
 
"Претходно можев да го ставам телефонот во џеб, и да се посветам на работата. Сега не можам да отидам од автомобилот до кафе барот, а да не ме следат нови илјада луѓе на Инстаграм".
 
Но не секогаш било така, во младоста врсниците ме исмејуваа, ми велеа дека сум грд и дека имам криви заби, ме нарекуваа Багс Бани.
 
"Отсекогаш бев голем и играв фудбал, но не бев популарен поради ужасните заби. Беа толку грди и грозни што не можев да отворам уста", се сеќава Матберг. Ме малтретираа поради тоа и не ме прифаќаа во друштвото, едноставно не ми дозволуваа да се дружам со нив.
 
Зад себе има три долги врски, а идеална жена му е онаа со темна кожа со црни очи и облини, иако вели дека таква сеуште нигде не видел. Додава дека е срамежлив и верен во врската, како и дека нема обичај често да ги менува девојките.