Бизнис
16. August 2018 - 19:56

Во Минитерствто за економија не знаат зошто расте бројот на пропаднати фирми

Не може со сигурност да се каже која е конкретната причина за зголемиот број на банкротирани фирми во минатата година. Министерството за економија нема направено измени во регулативата во 2016. и 2017. година. Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека политичката криза е една од можните причини за овој раст.

-Што се однесува до постапката за влез и излез од пазарот, таа ја води Централниот регистар. Имајќи ја предвид и постапката за бришење на нефункционалните компании од страна на Централниот регистар на Република Македонија. И тоа може да биде една од причините, вели Бектеши.

Народната банка на Република Македонија во извештајот за финансиска стабилност за минатата година објави дека бројот на затворени фирми се зголемил од 2,1 на 3,2 отсто во однос на 2016. година.

Бектеши вели дека нема прецизна анализа колку од компаниите кои добиваат државна помош остануваат во живот.

-Во моментот немаме детална анализа, но имајќи предвид дека некои од компаниите се познати во македонската јавност, тие компании само се зголемуваат, рече Бектеши.

Министерството за економија на 81 компанија пред две недели им ги исплатила парите од државната помош од Програмата за конкурентност.

Формирана е специјална комисија која на терен ќе проверува дали се реализираат пријавените инвестиции. Средствата се доделени по принципот „прв дојден – прв услужен“.