Македонија
7. December 2017 - 16:48

Во Министерството за здравство нема Министер но има 100-тина комисии - во нив се ротираат истите имиња

Од јануари до ноември годинава, од буџетот на министерството за здравство биле потрошени повеќе од 7 милиони денари за надоместоци на членови на комисии. Колку за споредба, толку чини годишна терапија на пациентот со ретка болест кој почина викендот чекајќи го лекот за продолжување на животот Зошто толку пари се трошат на комисии, колку се продуктивни и дали одредени членови имаат големи дополнителни месечни приходи?. Одговорите се наоѓаат во белата папка со стотина документи, за кои заменик министерот Гоце Чакаровски рече дека детално ќе ги провери.

-Побарав одговори колку комисии има. Некои од нив не се плаќаат, но сакам да знам колку земаат надоместоци. Најверојатно, подари недостаток на стручен кадар, дел од тие членови се повторуваат во по неколку комсии, вели Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство

Како што Сител веќе објави, неофицијално постојат над сто комисии и во нив има вработени од министерството кои во исто време членуваат во по 10 комисии и месечно земаат екстра и до 100 000 денари покрај редовната плата.

-Ќе провериме колку се продуктивни, дали заседаваат или не и постои можност дел да се укинат и парите да ги намените за други потреби, вели Чакаровски

Инаку, според информации на Сител има комисии кои не одржувале седници а членовите добивале екстра пари, но и комисии во кои членуваат  и по 15 лица.