Македонија
27. February 2016 - 13:28

Во „мерцедес“ пикнати 14 мигранти, возачот побегнал

Вчера околу 06,45 часот  од страна на полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на с.Речица и с.Ваксинце било забележано како од патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски ознаки излегуваат група мигранти кои веднаш почнале да бегаат.

 Полициските службеници привеле 14 мигранти, кои по извршениот разговор изјавиле дека за одреден паричен надоместок биле превезени со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и  возилото. 

Со потврда за предавање на лица, седум мигранти се предадени на ОИМПК за понатамошна постапка, а останатите седум мигранти околу 13,00 часот се однесени и сместени во ТК„Табановце“.