Во Мексико на две лица им е дозволена употреба на кокаин во рекреативни цели
Судот соопшти дека на лицата ќе им биде дозволено да поседуваат, транспортираат и земаат кокаин, но не и да го препродаваат, тврди организацијата „Мексико обединето против криминалот“ (МУЦД), а пренесува Би-би-си.
МУЦД се бори да ја прекине војната против дрогата, која во Мексико трае со децении, а одлуката на судот ја нарече историски чекор.
Одлуката сега треба да ја разгледа и повисок суд пред таа да може да се спроведе.
Во изјавата на МУЦД се наведува дека судот во Мексико Сити ѝ наложил на „Кофеприс“, водечката здравствена организација во државата, на двете наведени лица да им одобри рекреативна употреба на кокаин.
Официјален претставник на „Кофеприс“ рече дека компанијата се обидела да ја блокира одлуката на судот со образложение дека овластувањето за употреба на кокаин е надвор од нејзините ингеренции.
Одлуката ќе биде извршна само во случај на потврда од повисок суд, а право за нејзино спореведување ќе имаат само двете лица што поднеле барање за тоа.
Во својата изјава МУЦД тврди дека ова претставува важен чекор во креирањето алтернативна политика кога станува збор за употребата на дрога, што ќе му овозможи на Мексико поголема безбедност и ќе му помогне на јавниот здравствен систем.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО