Свет
22. July 2020 - 8:41

Во Мексико бројот на смртни случаи од Ковид-19 надмина 40 000

Бројот на смртни случаи во Мексико, како последица од новиот коронавирус, надмина 40.000 лица, изјави на прес-конференција главниот епидемиолог во земјата Хосе Луис Аломија.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека за едно деноноќие се потврдени 6.859 новозаразени и 915 починати од Ковид-19. Со тоа внупниот број во државата изнесува 356.255 инфицирани и 40.400 смртни случаи.

Полицијата во Боливија во последните пет дена открила над 400 безживотни тела низ улиците и во домови. Од нив, 85 отсто биле заразени со коронавирус. Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата досега во Боливија починале над 2.200 луѓе.

Во Колумбија бројот на жртви од Ковид-19 е повеќе од 7.000, откако во последните 24 часа починале 237 лица. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 211.038. Престолнината Богота и вториог град по големина во земјата, Меделин, се под целосен карантин, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

Во Бразил во последното деноноќие се регистрирани 41.008 заразени и 1.367 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во земјата има околу 2,2 милиона заболени лица и 81.487 починати.