Свет
24. October 2019 - 10:32

Во Мексико 13 загинати во инциденти поради апсењето на синот на Ел Чапо

Бројот на жртви во пукотниците предизвикани од членови на нарко картел се зголеми на 13, соопштија властите во западната мексиканска држава Синалоа.

Државното обвинителство отвори истрага за 13 смртни случаи во градот Кулиакан.

Пукањето се случило во Кулиакан, додека армијата и полицијата се обиделе да го фатат Овидио Гузман, син на наркобосот Хоакин Ел Чапо Гузман.

Официјалните власти на крајот го ослободија Гузман за да се избегне натамошно крвопролевање, бидејќи се собраа голем број припадници на картелот.

Младиот Гузман се бара поради обвинение за трговија со дрога со САД.